Наредната година ќе се доградуваат и реконструираат вкупно десет магистрални и регионални патишта со 52 милиони евра, кредит од Светска банка којшто го зела Агенцијата за патишта, а го гарантира Министерството за финансии. Дел од нив се патот Делчево-Кочани, Маврово-Дебар, Гостивар-Тетово, Делчево-Голак и повеќе други, вкупно 10, кои ќе бидат целосно реконструирани, реновирани, некои од нив проширени или изградба на нови. Тоа покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на трите големи автопатишта не го занемарува и делот на регионите, градејќи патишта во сите различни региони на Македонија. Внимаваме и на тој дел затоа што и тие се многу користени патишта од граѓаните, не само автопатиштата, изјави премиерот Никола Груевски.
Наредната година ќе се доградуваат и реконструираат вкупно десет магистрални и регионални патишта со 52 милиони евра, кредит од Светска банка којшто го зела Агенцијата за патишта, а го гарантира Министерството за финансии.
„Дел од нив се патот Делчево-Кочани, Маврово-Дебар, Гостивар-Тетово, Делчево-Голак и повеќе други, вкупно 10, кои ќе бидат целосно реконструирани, реновирани, некои од нив проширени или изградба на нови. Тоа покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на трите големи автопатишта не го занемарува и делот на регионите, градејќи патишта во сите различни региони на Македонија. Внимаваме и на тој дел затоа што и тие се многу користени патишта од граѓаните, не само автопатиштата“, изјави премиерот Никола Груевски.
„Владата е во добра позиција да ги врати долговите наредната година откако ја издаде евро обврзницата... Овој заем не се дава како појас за спасување на Владата туку како долгорочна инвестиција“ рече Татјана Проскурјакова, директор на Светска банка за Македонија.